Невладина организација КХАМ Дечево

Информации

Општина на делување: Делчево

Адреса: Ул. „Маршал Тито“ бр. 69  2320 Делчево

Телефон за контакт: +389(0) 71 215 357

Вебсајт: https://khamdelcevo.org.mk/

Мејл за контакт: nvokhamdelcevo@gmail.com

Социјални мрежи

Facebook

Instagram

Youtube

За организацијата

НВО „КХАМ“ е основана 1999 година во која членуваат 90 лица од македонска и ромска националност.

Од самиот почеток НВО „КХАМ“е активен чинител кој придонесува за развој на граѓанското општество и демократија како и институционален пристап и интеграција на ромската популација и другите маргинализирани групи во сите сфери на општествениот живот.

Основна цел во работата на „КХАМ“ е заштита  на правата, подобрување  и унапредување на социо-економските, образовните и  здравствените потреби на ромската заедница, маргинализираните групи и жените.

Визија

Граѓаните во Р.С.М се рамноправни, достоинствено вработени,  со остварено право на здравје и целосно вклучени во образовниот процес и останатите сфери на општественото живеење.

Мисија

Невладина организација КХАМ Делчево е граѓанска организација која преку информирање, едуцирање, влијание врз политики и обезбедување услуги им помага на Ромите, маргинализираните групи и жените да се ангажираат за да ги остварат своите граѓански права и да ја подобрат својата економска положба.

Активни проекти во 2022 год.

  1. Програмата за здравство и здравствени права/Интеграција на Роми, етничка припадност и еднаквост во здравството (ФООМ)
  2. Пристап до правда за маргинализираните групи од Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица ( Kvinna till Kvinna Foundation)
  3. Стој цврсто за родова еднаквост (донатор-Kvinna till Kvinna Foundation I SIDA -Шведска развојна агенција)
  4. Нова Шанса за нас (ЕРАЗМУС +)
  5. DIgi Ap (Erazmus +)

Канцеларија за бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка

  • Адвокатка – Софија Спасевска
  • Психолог – Дејан Глинџарски

Нудиме бесплатна правна помош за лица со ниски приходи со посебен осврт на жените и заштита на правата на жените

Нудиме психосоцијална подршка на жените жртви на насилство и родово баирано насилство.

Во 2022 година во фокус на работа се:

  1. Мониторинг на локалните политики за родова еднаквост и родово одговoрно буџетирање
  2. Еднакво учество жените во јавниот и политичкиот живот
  3. Борба против родово бaзирано насилство
  4. Поголема вклученост на младите во процесите на носење на одлуки на локално ниво
  5. Промоција на човековите права и заштита од дискриминација
  6. Информирање и вклучување на Ромите за партиципативно учество во процесите на креирање на политики на локално и национално ниво (Вклучување и активизам)
  7. Поголемо вклучување на Ромите во образовните процеси на сите нивоа на образование
  8. Поддршка на Ромите за надминување на бариерите при остварување на социјалните и здравствени права
  9. Доследна имплементација на здравствените програми
  10. Подобрување на условите и еколошкитете стандарди (Обезбедување здрава и чиста животна средина)

Канцеларии

Тим

Софија Спасевска
Адвокат

Глинџарски Дејан
Психолог